Официјално: Porsche 911 Speedster – Последно „Ура“ за 991 генерацијата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Porsche 911 Speedster – Последно „Ура“ за 991 генерацијата!

Porsche минатата година го откри 911 Speedster во „концептна“ форма – за една година подоцна, на самиот крај на кариерата на 991 генерацијата и официјално да дебитира ретро-инспирираната верзија на 911!

Во суштина, Porsche 911 Speedster е сериозно-модификувана верзија на врескачкиот 911 GT3. Тоа значи дека го добивате 4-литарскиот атмосферски боксер со шест цилиндри кој испорачува 502 коњски сили и 470 Nm вртежен момент, и врти сè до стратосферски 9000 вртежи во минута.

Како што и треба – 911 Speedster ќе се продава само со 6-степен мануелен менувач, преку кој се испорачува моќта само кон задните тркала. Катапултирањето до 100 километри на час трае 3.8 секунди додека максималната брзина е скоро неверојатни 309 километри на час. Предниот поклопец, предните крила како и задниот поклопец се изработени од карбон, а автомобилот добива и Porsche Carbon Composite сопирачки – сето тоа е со цел да се намали тежината, па 911 Speedster тежи само 1465 килограми.

Инаку, што всушност значи Speedster? Значи „скратено“ ветробранско стакло, ниски странични ретровизори, ретро-инспириран заден дел, рачен платнен кров и уште неколку други ситници. Финалниот продукт изгледа едноставно спектакуларно и би изгледал одлично во сечија гаража – а и на улиците, секако. Заедно со 911 Speedster, Porsche го претстави и Heritage Design пакетот кој додава ретро-инспирирани дизајнерски елементи.

Нарачките ќе бидат отворени на 7ми Кај оваа година. Како велат.. Количините се ограничени, побрзајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.