full screen background image
Search

Jeep подготви шест различни Easter Safari концепти од новиот Gladiator!

Новиот Gladiator тукушто беше лансиран во Америка (и првата серија се распродаде за помалку од 24 часа), а Jeep подготви шест супер-кул концепти за Moab Easter Safari – меѓу кои и еден рестомод со 707 коњски сили!

Сите концепти – освен големиот M-715 Five-Quarter рестомод – го користат 3.6-литарскиот мотор кој стандардно се нуди кај Gladiator. М-715 користи 6.2-литарски компресорски HEMI V8 (да, да, истиот мотор од Challenger Hellcat) за да располага со 707 коњски сили.

Инаку, сите концепти добиваат по нешто уникатно и специфично. Секако, тука се неизбежните теренски способности кои „по дифолт“ ги асоцираме со Jeep но J6 е специјално модификуван да има само предни седишта и поголема товарна кабина.

Од друга страна, Wayout е предвиден да биде идеално возило за сафари. JT Scrambler е ретро-инспириран од легендарниот CJ Scrambler, а Flatbill е предвиден да пренесува крос-моторцикли низ пустината. Интересен е и Jeep Gladiator Gravity, кој е направен само од делови кои веќе можат да се нарачаат – а со тоа се демонстрира можноста за персонализирање на вашиот Gladiator.

Jeep M-715 Five Quarter едноставно изгледа фраерски, сè друго околу него не е веќе ни толку важно. Страшно фраерски.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.