full screen background image
Search

Renault во Кина ќе го претстави City K-ZE

Францускиот бренд во Шангај ќе го претстави City K-ZE – субкомпактен електричен кросовер кој прво ќе се нуди само во Кина, но понатаму и на други пазари.

Кина е особено важен пазар, па сосем е јасна одлуката на Renault токму на тој пазар да го претстави и за прв пат да го понуди City K-ZE. Малиот, електричен кросовер се очекува да има автономија од околу 250 километри со едно полнење и иако на почетокот ќе се нуди во Кина, сепак од Renault кажуваат дека ќе биде „глобален автомобил.“

На фотографиите го гледаме Renault K-ZE Concept, но се очекува финалниот производ да не отстапува многу од дизајнот на концептот.

Сега за сега немаме повеќе информации – знаеме дека за локалните купувачи, City K-ZE ќе се произведува во погоните на DRAC, односно e-GT New Energy Automotive Co., заедничкиот бизнис на Renault и DongFeng Motor Group.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.