full screen background image
Search

Volkswagen го произведе 30-милионитиот Passat

Фабриката на Volkswgen во Емден, Германија, го произведе 30-милионитиот примерок на Passat – и тоа плаг-ин хибриден караван во форма на Passat GTE Variant.

Со точно 30 милиони примероци произведени во целиот свет изминативе 46 години, Passat е вториот најпродаван модел на Volkswagen (прв е Golf со 35 милиони примероци). Би помислиле дека најпопуларна е Буба – но од неа се произведени 21.5 милиони примероци.

Јубилејниот, 30-милионити Passat е во форма на Passat GTE Variant – односно плаг-ин хибриден Passat кој комбинира 1.4-литарски TSI турбо-бензинец со електромотор и испорачува вкупно 215 коњски сили.

„Passat е еден од најважните и најуспешните автомобили на Volkswagen, и од неговото лансирање пред 46 години, 30 милиони купувачи му ја дале довербата токму на овој Volkswagen автомобил“ – изјави Ralf Brandstatter од Volkswagen, и додаде – „Како резултат на тоа, Passat е еден од најважните автомобили во светот – автомобил кој „е дома“ и во Пекинг во Берлин, Сиднеј, Јохансебург или Сан Франциско.“

Инаку, првиот Passat е направен во Wolfsburg на 14-ти Мај 1973 и го замени VW 1600.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.