Во Француската Амбасада беше прославен денот на Peugeot 404 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Француската Амбасада беше прославен денот на Peugeot 404

Денес е 4ти Април – 04.04, односно денот на Peugeot 404 – и токму легендарниот француски седан доби свое чествување денес во Француската Амбасада во Скопје.

Денес група на сопственици на Peugeot 404 имаа одлична прилика во кругот на Француската Амбасада во Скопје да ги покажат своите миленици на начин на кој навистина им прилега – достоинствено и француски! На приемот во Француската Амбасада во Скопје беа изложени неколку автомобили, а чест им оддаде и францускиот амбасадор во нашата земја – Кристиан Тимоние, како и Министерот за Внатрешни Работи, Оливер Спасовски. Меѓу гостите и возачите на Peugeot 404, го забележавме и легендарниот Томислав Маниќ!

Колку за потсетување, Peugeot 404 се произведуваше од 1960-тата, па сè до 1975-тата година. Дизајнот го потпишува Pininfarina, а се нудеше како седан, караван, пик-ап и кабриолет. Многуте изведби, издржливите мотори и непокорливиот квалитет резултираа и со одлична продажба – па само во Франција се произведени 1.85 милиони примероци, додека ширум светот скоро 2.9 милиони примероци од Peugeot 404!

Интересен податок е дека 404 можеше да се добие со 1.5 или 1.6-литарски бензинец, или 1.9-литарски дизел. Купувачите можеле да изберат и меѓу рачен менувач, полу-автоматски сили целосно-автоматски менувач со 3 брзини кој доаѓал од ZF. За популарноста на 404 зборуваат и многуте локации ширум светот каде се произведувал – покрај Франција, се произвредувал во Аргентина, Австралија, Белгија, Канада, Чиле, Ирска, Кенија, Мадагаскар, Малезија, Нов Зеланд, Нигерија, Португалија, Јужна Африка…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.