full screen background image
Search

Бензините поскапуваат 2.5 и 3 денари, дизелот половина денар

Цените на горивата се зголемуваат – Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, повисоки цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за да ги пресмета максималните цени на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.09%.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.5, односно 3.00 денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 68.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 70.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0.5 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 61.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.