Среќен роденден Volkswagen Golf! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Среќен роденден Volkswagen Golf!

Пред 45 години се роди Volkswagen Golf – и 45 години подоцна, Golf е автомобил кој досега мина низ 7 генерации и е продаден во многу, многу примероци – и дури има цела класа на возила која го носи неговото име – Голф Класа!

Да, верувале или не – пред точно 45 години, односно на 29-ти Март 1974-тата година беше произведен првиот примерок на Volkswagen Golf. Golf беше замислен да биде наследник на легендарната Буба, и во изминатите 45 години произведени се повеќе од 35 милиони примероци – а наскоро ќе ја видиме најновата, осма генерација на незаменливиот германски хечбек.

На самиот почеток, Golf се нудеше со три и пет врати, и беше вистинска револуција во сегментот. Можеше да се добие со 1.1 литарски или 1.5 литарски бензинец, а понатаму го добивме и легендарниот GTI. Уште тогаш можеше да се добие со четири-брзински мануелен менувач или автоматски менувач со три брзини.

Инаку, една интересна брза статистика – според Volkswagen – ако гледаме математички на работите, секако – нов Golf бил нарачан некаде во светот на секои 41 секунда. Цело време, секој ден, изминативе 45 години.

„Golf е во самото срце на нашиот бренд. Golf значи прогрес и технологии како ниту еден друг автомобил. На пример, Golf ги направи технологиите за безбедност достапни на милиони луѓе за прв пат. Заради ова, Golf го има оставено својот знак кај многу генерации.“ – изјави Ralf Brandstatter од Volkswagen, и додаде – „Низ седум генерации, Golf придонесе кон развојот на Volkswagen како бренд, но и како групација, во еден од најзначајните производители на автомобили на светот.“

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Volkswagen го претстави и караванот ID.7 Tourer

Некои поважни дати за Голф Кец:

  • 29.03.1974 – Првиот Golf излегува од производната лента и започнува сериското производство.
  • 08.07.1974 – Golf е достапен во изложбените салони на Volkswagen
  • 05.08.1975 – Започнуваат првите испораки кон купувачите.

За првата генерација:

  • Дизајн – Golf од првата генерација беше достапен со 2 или 4 врати.
  • Ентериер – 5 седишта, 300 литри багажен простор, преклоплива задна клупа.
  • Мотори – 1.1-литарски мотор со 4 цилиндри и 50 коњски сили, 1.5-литарски мотор со 4 цилиндри и 70 коњски сили.
  • Погон – погон на предните тркала, 4-брзински мануелен менувач или 3-брзински автоматски менувач
  • Максимална брзина – 140, односно 160 километри на час во зависност од моторот.
  • Изведби – Golf и Golf L со 50 коњски сили, односно Golf S и Golf LS со 70 коњски сили

Среќен роденден Golf!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.