full screen background image
Search

Daimler и Geely го трансформираат Smart во целосно-електричен бренд!

Со цел да му даде нов здив на брендот Smart, Daimler најави 50:50 соработка со кинескиот бренд Geely, со кој ќе ги заеднички ќе ги развиваат моделите на овој бренд.

Daimler му дава на Smart нова шанса – и тоа во соработка со Geely (кои патем се сопственици на Volvo и Lotus). Еднаквото, 50:50 партнерство кое тукушто беше објавено значи дека Smart ќе биде трансформиран во целосно-електричен бренд и дека ќе биде направена целосно-нова фабрика во Кина каде ќе се произведуваат електричните возила.

Возилата кои ќе бидат плод на оваа соработка ќе бидат дизајнирани од страна на Mercedes, а инженерингот ќе доаѓа од Geely. Првите модели се очекуваат да пристигнат на пазарот во 2022, а најавено е дека Smart брендот ќе се прошири и во Б-сегментот, односно дека ќе започне да прави и поголеми возила.

Инаку, тековните EQ ForTwo и EQ ForFour сега за сега ќе продолжат да се произведуваат во фабриките во Франција и Словенија, соодветно. Сегашниот Smart е развиен во соработка со Renault.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.