full screen background image
Search

Џејмс Бонд ќе вози електричен Aston Martin?

Деновиве се појавија гласини дека во новиот филм за британскиот таен агент James Bond, глумецот Daniel Craig ќе седне зад управувачот на електричниот Aston Martin Rapide E.

Не само што новиот филм за Џејмс Бонд ќе биде јубилеен, 25-ти филм во франшизата, туку и ќе воведе малку поеколошки пристап. Како? Па со електричен автомобил за главниот јунак. Познавачи кажуваат дека тајниот агент ќе седне зад управувачот на ексклузивниот Aston Martin Rapide E.

Колку ексклузивен? Па, од Aston Martin потврдија дека ќе бидат произведени само 155 примероци од Rapide E, но сепак не потврдија дали навистина 007 ќе седне во еден во следниот филм. Инсајдер инволвиран во филмовите потврди дека „сите сметаа дека е време Bond да седне во возило кое не емитува штетни гасови.“

Инаку, Aston Martin Rapide E користи напреден електричен погон кој може да му овозможи на големиот седан да постигне максимална брзина од 250 километри на час, и да го достигне бенчмаркот од 100 километри на час за помалку од 4 секунди. Со едно полнење ќе може да помине околу 350 километри. Дали тоа ќе биде доволно за 007? Останува да видиме…

На фотографијата е Aston Martin Rapide AMR.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.