Cupra го освежи Leon Cupra R ST – Караванот катапултира „до стотка“ за 4.9 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cupra го освежи Leon Cupra R ST – Караванот катапултира „до стотка“ за 4.9 секунди!

Cupra – спортскиот бренд на SEAT – го освежи Leon Cupra R ST, и сега караванот има 300 коњски сили, 400 Nm вртежен момент и погон на сите четири тркала – но нема ниту една SEAT значка.

Базиран на караванската изведба на Seat Leon, освежениот Leon Cupra R ST сега има 20 Nm вртежен момент повеќе – за вкупно 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Благодарение на сето ова, моќниот караван се катапултира до 100 километри на час за само 4.9 секунди и постигнува максимални 250 километри на час. Дел од приказната се и нови Brembo сопирачки кои имаат 340-милиметарски дискови напред и 310 милиметарски дискови позади.

Дополнително, Cupra R ST добива карбонски преден сплитер, странични прагови, поклопци на ретровизорите како и карбонски дифузер. Добива и ексклузивни 19-инчни тркала и може да се нарача во четири бои – Magnetic Tech, Midnight Black, Nevada White и Blackness Grey. Екстериерот добива констрастни детали во бронзена боја, додека кабината добива спортски седишта, многу делови обвиени во алкантара, бронзени детали и Cupra значки.

Продажбата на супер-брзиот компактен караван ќе започне во текот на овој месец.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.