full screen background image
Search

Електрификација на голема врата: Audi ги претстави plug-in хибридните Q5, A6, A7 и A8!

Германскиот производител во Женева ќе ги претстави плаг-ин хибридните изведби на новите A6, A7 и A8, но и популарниот SUV Q5.

Сите плаг-ин хибридни модели на Audi ќе ја носат „TFSI e“ ознаката, додека „e-tron“ ознаката ќе биде резервирана за целосно-електричните модели. Па така, Audi Q5 TFSI 50 e, Audi A6 TFSI e и Audi A7 Sportback TFSI e располагаат со 295 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, а доколку сакаат повеќе моќ можат да ја нарачаат „55 TFSI e“ изведбата која испорачува 363 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Без разлика на одбраната конфигурација, автомобилите можат да поминат до 40 километри на електрична енергија според WLTP стандардите.

На самиот врв е Audi A8 L 60 TFSI e quattro – оваа изведба користи 3-литарски V6 во комбинација со електромотор и батерија со капацитет од 14.1 kWh и 8-брзински Tiptronic автоматски менувач. Оваа изведба располага со 443 коњски сили и 699 Nm вртежен момент, и повторно – може да помине до 40 километри на електрична енергија.

Audi кај плаг-ин хибридните модели ќе нуди три режими на работа – EV, во кој автомобилите ќе возат само на електрична енергија, Auto, во кој системот самиот ќе „си брка работа“ и ќе одлучува што да прави, и Hold во кој системот ќе работи на начин кој ќе гарантира полна батерија. Дополнително, купувачите на Audi TFSI e плаг-ин хибридните модели ќе имаат пристап до e-tron системот за полнење кој во моментов работи во 18 земји ширум Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.