Новиот градски компакт на Peugeot треба да биде претставен во Женева – но веќе ги имаме првите фотографии!
Неколкуте официјални фотографии кои тукушто „протекоа“ убаво го покажуваат дизајнот на новиот француски градски хечбек. Според најавеното, новиот 208 ќе може да се добие со бензински и турбодизел мотори, но и како целосно-електрично возило.
Дизајнот очигледно влече инспирација од поголемите автомобили – особено од големиот 508 (кој патем, изгледа навистина кул) – ги има истите вертикални дневни светла во форма на лавја челуст, а на задниот дел препознаваме слични едноделни задни дветла.
Можеме да видиме и фотографија од ентериерот – а таму го добиваме сега веќе препознатливиот Peugeot i-Cockpit со помал управувач, дигитални инструменти и еден куп интересни детали – како што се „типките“ кои се користат кај 508 и 3008, но и рачката за автоматскиот менувач.
Наскоро ќе знаеме повеќе, но сега за сега – фотки!