Mitsubishi подготви темелно освежување за ASX – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi подготви темелно освежување за ASX

Mitsubishi се подготвува официјално да го претстави темелно-освежениот ASX на саемот на автомобили во Женева.

Дали ви се верува дека ASX е на пазарот веќе 10 години? Да, популарниот SUV на јапонскиот бренд дебитираше во сега веќе далечната 2009-та година, но интересот за него не запира.

Ова е најзначајниот фејслифт на ASX досега – и навистина, на прв поглед делува како целосно нов модел. Главната заслуга за тоа ја има целосно новиот лик, кој влече инспирација директно од Eclipse Cross – па добиваме модернизирани предни светла, голема маска на ладилникот, како и дневни светла LED светла интегрирани во трепкачите. Секако, го добиваме и очекуваните нови предни и задни браници, а задните светла имаат изменета графика.

Кабината добива нов инфозабавен уред со 8-инчен екран чувствителен на допир и ТомТом навигација, а новитет е и дискретно освежениот управувач и некои нови материјали и текстури. Во Европа ќе се нуди 2-литарски MIVEC четири-цилиндерски мотор кој ќе се комбинира со 5-брзински мануелен или нов INVECS 3-III CVT менувач со 6-брзински Sport режим, а ќе може да се комбинира со погон на предните или сите четири тркала. Сега за сега нема информации околу други погонски единици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.