BMW 8 Series First Edition – Побрзајте, ќе има само 400 примероци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW 8 Series First Edition – Побрзајте, ќе има само 400 примероци!

BMW Individual е одделот во баварскиот авто-производител кој ви овозможува да нарачате навистина уникатна спецификација од BMW автомобилот кој сте го избрале. Овој пат тимот создаде навистина извонредна, Frozen Barcelona металик сина боја која ќе ја носат само 400 примероци на новото супер-купе на BMW – 8 Series.

Но има и многу повеќе – 8 Series First Edition носи и други интересни детали: олеснети 20-инчни бандажи од „М“ дивизијата, пакет за „зацрнување“ на надворешни хромирани делови, а по нарачка може да се добијат карбонски додатоци како и карбонски кров, произведени од, и брендирани со логоата на „М“ дивизијата.

По третманот извршен од BMW Individual, вие ќе седите на седишта обложени со премиум кожа и страници од темно сина Алкантара, додека вашите нозе ќе газат на теписони од Merino волна – вистинска реткост во модел кој не е произведен од Bentley или Rolls Royce. Истата темно сина Алкантара можете да ја допрете и преку целиот кров.

Аудио системот е дело на Bowers&Wilkins, а премиум чувството го комплетираат сјајни црни пластики низ целиот ентериер и додатоци од стакло на копчињата со кои патниците најчесто се во контакт.

Механиката е идентична со онаа на серискиот 850i xDrive – V8 со два турбо полначи, 523 коњски сили, огромни 750 њутн-метри вртежен момент и погон на сите тркала. До „стотка“? 3.7 секунди, ситница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.