Skoda ги открива првите детали од ентериерот на Kamiq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda ги открива првите детали од ентериерот на Kamiq

Чешкиот бренд се подготвува да го открие својот најмал SUV – и во меѓувреме полека-полека ни открива повеќе детали за него.

Skoda ја објави првата фотографија од кабината на Kamiq. Најмалиот SUV на Skoda ќе биде официјално претставен на Саемот на Автомобили во Женева, и веќе можеме да видиме како ќе изгледа ентериерот.

Kamiq ќе добие кабина слична на онаа кај Scala. Директно пред возачот забележуваме дигитален дисплеј на кој се прикажуваат инструментите, додека на централната конзола доминира големиот екран од мултимедијалниот уред. Она кое можеме да го забележиме – и мораме да го пофалиме – е чекорот нанапред кога станува збор за дизајнот на кабината – едноставно, изгледа помодерно и попривлечно од она кое Skoda досега го нудела.

Од она кое досега го знаеме, Kamiq најверојатно ќе биде еден од најпопуларните модели во сегментот – во кој веќе конкуренцијата е навистина моќна. Останува да почекаме уште малку!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.