Новиот мал кросовер на Škoda наменет за Европа ќе се вика Kamiq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот мал кросовер на Škoda наменет за Европа ќе се вика Kamiq

Новиот кросовер на Škoda се очекува да се нуди само со погон на предните тркала и е наменет стрикто за европскиот пазар.

Новиот Kamiq ќе биде претставен на Саемот на Автомобили во Женева на 5ти Март оваа година. Продажбата ќе започне во текот на оваа година, а сега за сега се очекува Kamiq да се нуди само со погон на предните тркала и ќе биде еквивалентен на Seat Arona и Volkswagen T-Cross.

Соодветно на тоа, можеме да очекуваме турбо-бензинци и турбодизели со три и четири цилиндри, а понатаму и хибридна верзија. Со Kamiq, Škoda ќе ја комплетира својата понуда на SUV модели – чешкиот бренд веќе ги нуди супер-популарните Kodiaq и Karoq.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.