full screen background image
Search

V40 ќе се пензионира на крајот на оваа година, Volvo веќе подготвува наследник

Привлечниот шведски хечбек ќе замине во пензија на крајот на оваа година, а според некои извори Volvo планира да го замени со компактен кросовер.

V40 е единствениот модел кој е преостанат од времето кога шведскиот бренд беше под капата на Ford, па сосем е разбирливо дека Volvo планира да го замени. Интересно е што според некои извори, Volvo планира да го замени V40 со компактно кросовер-купе. Според Lex Kerssemakers, регионалниот директор за ЕМЕА регионот, V40 ќе биде заменето со „возило кое е повеќе оддалечено од подлогата“, без притоа да истакне дека се работи за корросовер.

Според Kerssemakers, дизајнерите веќе работат на замената – тој кажува дека „не можеме да чекаме премногу за да претставиме нов автомобил, не сакаме да ја изгубиме позицијата во сегментот.“

Интересно е дека и покрај фактот дека V40 е релативно стар модел – за прв пат беше претставен во 2012 – сепак продолжува да биде популарен. Во 2017 се продадени преку 70.000 примероци во Европа, па разбирливо е дека Volvo сака побрзо да претстави нов модел кој би го заменил успешниот хечбек.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.