ПРЕМИЕРА: Volkswagen Golf GTI TCR – Од тркачките патеки на уличниот асфалт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen Golf GTI TCR – Од тркачките патеки на уличниот асфалт!

Германскиот бренд тукушто го претстави Golf GTI TCR – кој влече инспирација директно од тркачкиот модел кој се користи во TCR серијата!

Иако Golf GTI TCR не е најмоќниот Golf (во хиерархијата доаѓа некаде меѓу Golf GTI Performance и моќниот Golf R), сепак има повеќе од респектабилни 290 коњски сили – 45 коњски сили повеќе од GTI и само 10 коњски сили помалку од R. Во комбинација со седум-брзинскиот DSG менувач со двојна спојка и погонот на предните тркала катапултира до 100 километри на час за само 5.6 секунди и постигнува максимални 260 километри на час.

Инаку, Golf GTI TCR ќе го препознаете по новиот сплитер, страничните прагови, големиот спојлер и задиот дифузер. Дополнително, добива 18-инчни тркала, црни странични ретровизори, LED предни светла, перфорирани дискови за сопирачките и заклучувачки преден диференцијал. Купувачите ќе можат да нарачаат и специјални стикери за страничните панели и кровот, како и карбонски странични ретровизори. Оние кои сакаат нешто повеќе ќе можат да добијат и DCC адаптивна суспензија и 19-инчни тркала, или пак 19-инчни тркала обвиени во полу-слик пневматици.

Нарачките се отворени, се чувствувате како вистински тркач?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.