Lexus го претстави освежениот RC F, но и супер-спортскиот RC F Track Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus го претстави освежениот RC F, но и супер-спортскиот RC F Track Edition

Освежениот RC F доаѓа со зголемена моќност и дискретни визуелни измени, додека RC F Track Edition е наменет за ентузијастите кои во слободно време сакаат да уживаат на тркачките патеки!

Спортското купе со ознаката RC F за новата моделска година добива измени кои не само што ги подобруваат перформансите, туку  и успешно го освежуваат спортското купе. Намалена е тежината, а атмосферскиот 5-литарски V8 сега испорачува 457 коњски сили и 520 Nm вртежен момент. Силата се пренесува кон задните тркала преку 8-брзински автоматски менувач. Сега стандардно ќе се нуди со Launch Control опција која овозможува катапултирање до 100 километри на час за само 4.5 секунди.

Визуелните измени вклучуваат редизајнирани предни светла со интегрирани дневни светла, големата маска е редизајнирана, а на задниот дел добиваме нови задни светла кои го затегнуваат спортското купе.

За оние кои сакаат нешто по-хардкор, тука е RC F Track Edition. Оваа верзија доаѓа со специјално развиени додатоци кои дополнително ги нагласуваат перформансите. Оваа верзија е развиена со Lexus тркачите тимови од Super GT и IMSA сериите. Многу внимание е посветено на аеродинамиката – па предниот дел добива карбонски аеродинамичен додаток, додека на задниот дел доминира голем спојлер.

Големиот фиксен спојлер е карбонски, а истовремено го подобрува потисокот и го намалува отпорот на воздух на автомобилот. Ова делува невозможно, но инженерите на Lexus ја изработиле формата на спојлерот за да ги намали турбуленциите на задниот дел, а потоа додале мал агол на спојлерот со кој се зголемува потисокот без да се зголеми отпорот на воздух.

Секако, намалена е и тежината – па RC F Track Edition е околу 80 килограми полесен од стандардниот модел. Секој Track Edition примерок добива Brembo керамички сопирачки, како и 19-инчни BBS ковани тркала. RC F Track Edition добива ентериер обвиен во црвена кожа, а ќе се нуди само во две бои – Ultra White и Nebula Matte Gray. Мат сивата боја е ексклузивна за RC F Track Edition.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.