full screen background image
Search

Project Inferno е Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe со 806 коњски сили кој постигнува 336 километри на час!

Тјунираниот мега-SUV доаѓа од Полска, а модификациите вклучуваат специјални турбо-полначи кои обезбедуваат дури 806 коњски сили!

Според она што го кажуваат од Auto-Dynamics, големиот Project Inferno е еден од најбрзите SUV на планетава. 5.5-литарскиот V8 е екстензивно доработен – меѓу другото, добива нови турбополначи, нов издувен систем и рекалибриран софтвер – па сега испорачува 806 коњски сили и монументални 1181 Nm вртежен момент. Колку повеќе од стандардниот GLE 63 Coupe? Дури 229 коњски сили и 420 Nm вртежен момент!

Сето тоа резултира со забрзување до 100 километри на час за 3.25 секунди и 7.8 секунди од 100 до 200 километри на час. Максималната брзина? „Само“ 336 километри на час. Секако, додадени се и големи тркала – и тоа 22-инчни фелни од Vossen, како и модул за рекалибрација на суспензијата од Brabus. Конечно, додаден е и бодикит од TopCar.

Сè на сè – ова навистина е еден од најбрзите и најрадикалните вакви автомобили на планетата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.