Буба Клуб Македонија ни посакува Среќна Нова Година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Буба Клуб Македонија ни посакува Среќна Нова Година

Македонскиот клуб на љубители и возачи на легендарната Volkswagen Beetle – Буба Клуб Македонија – вчеравечер направи последна, новогодишна дружба за оваа година.

Во пријатна и новогодишна атмосфера членовите на Буба Клуб Македонија ја прославија новата година, и се потсетија на убавите мигови од годината која е во заминување. Се навратија на сите убави моменти од собирите и дружењата од кои беа дел, но и кои самите ги организираа оваа година.

Клубот на сите им ја честита новата година и претстојните божиќни празници. Честитки и од нас до Буба Клуб, и ви посакуваме уште многу, многу дружење и настани во иднина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.