Предновогодишна акција: Peugeot Ready to go! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Предновогодишна акција: Peugeot Ready to go!

Во очекување на новата година, Peugeot има предновогодишни понуди за постоечките клиенти, но и новите купувачи на францускиот бренд.


За нови почетоци, нови емоции и нови авантури сите љубители на Peugeot се добредојдени во салоните на Еуроимпекс.

Клиентите можат да изберат помеѓу Peugeot 208, 308, 301, 2008 како и Peugeot Partner Tepee по неодоливи цени. Сè што треба да направат е да се обратат во еден од двата продажни салони на Еуроимпекс, или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип и Гевгелија, каде ќе бидат целосно запознаени со понудите – моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со која располагаат моделите на Peugeot.

За време на оваа предновогодишна понуда на клиентите им е овозможено и бесплатно тест возење на Peugeot моделите, кое можат уште веднаш да го закажат на веб страната на Peugeot.

Еуроимпекс, Генерален увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, повикува на брза реакција од страна на сите заинтересирани, бидејќи при оваа понуда, количините се ограничени.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.