full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата повторно се намалуваат

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – кои трет пат по ред се намалуваат!

Цените на горивата повторно се намалуваат! Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 4.01 проценти.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 1.50  денари, и еден литар од овие горива од вечерва ќе се продава за 61.50 односно 63.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58.50 денари.

Новите цени на горивата стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.