full screen background image
Search

Toyota Prius ќе може да се нарача со погон на сите четири тркала

Северноамериканскиот пазар од оваа година за прв пат ќе може да избере помеѓу Toyota Prius со погон на предни или со погон на сите тркала.

Системот се нарекува AWD-е каде „е“ стои за „electric“, односно задните тркала се погонувани од електричен мотор, без никаква физичка конекција со предната оска. Задните тркала константно се погонувани до 9 км/ч (за помош при тргнување од место, како и при лизгава подлога), додека по потреба, компјутерот може да ги активира сè до 70 км/ч.

Toyota ќе го рекламира новиот Prius како „најекономичното патничко возило со мотор на внатрешно согорување и погон на 4 тркала во Америка“. Огромните SUV-ови практично „летаат“ низ вратите на салоните, додека продажбата на Prius константно опаѓа, па со оваа изведба на хибридот со статус на „евергрин“, Toyota се обидува да врати дел од купувачите. Со потрошувачка од 4.5 л/100км во градски услови и 4.9 л/100км на автопат (хибридниот систем е поефикасен на пониски брзини), јасна е привлечноста на Prius за нас – европските купувачи, но очигледно Американците сакаат нешто повеќе.

Покрај погонот, Prius добива и нови предни светла, нов преден браник, нов заден браник и редизајниран управувач во ентериерот. Низа нови системи за безбедност сега се дел од основната опрема на секој Prius со цел нивото на безбедност да парира на новите автомобили. Дел од нив се радарски темпомат, систем за рано предупредување за пешаци, систем за предупредување при газење на коловозни ленти, и други.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.