full screen background image
Search

Škoda ги објави првите фотографии од ентериерот на Scala

Амбициите на Škoda за новиот модел Scala се навистина големи – а за тоа многу зборуваат првите фотографии од кабината на новиот хечбек, каде се гледа дека навистина многу внимание е посветено на деталите.

Премиерата на Scala е за само една седмица, но Škoda веќе ги објави првите фотографии од ентериерот на новиот компактен хечбек. Scala ќе биде замена за Rapid и Rapid Spaceback, но истовремено ќе биде поголем и значително подобрен во многу насоки, а сето тоа со цел да биде поконкурентен и попривлечен во класата.

Она што го гледаме на фотографиите е врвно-опремен ентериер, со DSG менувач, кожни седишта и двозонски клима уред. Дополнително, гледаме верзија со дигитални инструменти, како и 9.2-инчен мултимедијален уред поставен на централната конзола. Ни се допаѓа одлуката засебно да бидат поставени контролите за клима уредот, а одлично изгледа и управувачот кој е обвиен со перфорирана кожа.

Премиерата на Scala е за една седмица – и тогаш ќе ги имаме сите детали за новиот хечбек на Škoda.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.