full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поевтинуваат за 4 денари, дизелот за 3.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, намалени цени на горивата!

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 6.53%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 4.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 63.00, односно 65.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 61.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.