full screen background image
Search

Се соочија вистинскиот и „играчката“ Lego-Chiron

Bugatti го донесе примерокот на Chiron направен од Lego и го „соочи“ со вистинскиот хипер-автомобил.

Еднаш веќе пишувавме за Bugatti Chiron направен од Lego коцкички, и тоа во размер 1:1. За моделот се употребени повеќе од 1 милион парченца, и направениот примерок ќе биде изложен во Zeithaus музејот во Wolfsburg, Германија до 6ти Декември.

Примерокот од Lego тежи 1500 килограми и има само 5.3 коњски сили и 92 Nm вртежен момент – па може да постигне максимална брзина од 20 километри на час. За споредба, вистинскиот Bugatti Chiron е еден од најбрзите автомобили на планетата – има 1500 коњски сили, погон на сите четири тркала и може да постигне „стотка“ за помалку од 2.5 секунди.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.