Lamborghini Urus ST-X – Концепт за тркачки SUV за сите подлоги – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini Urus ST-X – Концепт за тркачки SUV за сите подлоги

Од медиа центарот на Lamborghini пристигнаа интересни фотографии и информации –  Urus ST-X Concept е првиот супер-спортски SUV наменет за употреба на тркачките патеки.

Овој концепт е развиен со намера да се користи во шампионат каде сите возила се од ист бренд и модел, слично на Porsche Carrera Cup, Ferrari Challenge и секако, Super Trofeo шампионатот на Lamborghini.

Squadra Corse – тркачката дивизија на Lamborghini – го искористи своето искуство за да го оспособи Urus за тркачките патеки преку додавање на сите безбедносни елементи кои се бараат од FIA. Нов челичен кафез за заштита на возачот, систем за сузбивање на пламен при незгода, како и FT3 резервоар за гориво се само дел од низата промени на производствената верзија на големиот SUV.

Козметички, Urus добива детали од „гол“ карбон, поголеми отвори за воздух и ладење, редизајнирани завршетоци на издувниот систем, 21-инчни тркала со централно затегање, како и заден спојлер за подобрување на аеродинамиката. Целиот надворешен изглед е заокружен со препознатливата Verde Mantis (или народски „дреч зелена“) боја на Lamborghini.

Urus ST-X Concept тежи до 25% помалку од производствената верзија на Urus, има подобрувања и затегнувања во суспензијата и иако се претставува како тркачки автомобил, сепак ja задржува карактеристичната висина на подвозјето со што ќе може и да гази надвор од асфалтот. Urus купот кој се очекува да започне во 2020-та година можеби ќе се состои од патеки кои ќе содржат и off-road сегменти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.