Македонска премиера и на новиот KIA Ceed! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера и на новиот KIA Ceed!

Новата, трета генерација на KIA Ceed веќе пристигна во Македонија – а синоќа се одржа и официјалната премиера на популарниот корејски хечбек!

Новата, трета генерација на KIA Ceed доаѓа со целосно-нов дизајн, многу нови технологии (некои од кои KIA за прв пат ги нуди во сегментот), но и нови, штедливи и моќни мотори. Меѓу другото, можете да добиете адаптивен темпомат, можност за напредно врзување со паметен телефон, JBL аудио уред, неколку различни мултимедијални уреди, како и многу различни системи за асистенција.

Новата генерација на Ceed е подолга, поширока и пониска – а со тоа добива значително поспортски и подинамичен лик. Особено ни се допаѓа и редизајнираната кабина која очигледно влече инспирација од Sportage, но е уште помодерна.

Понудата во Македонија започнува со Ceed опремен 1.4-литарскиот MPi бензинец со 100 коњски сили во Vision ниво на опрема, кој акциски може да се добие за 13.990 евра. Над него е 1.2-литарскиот турбо-бензинец со 120 коњски сили кој чини од 15.990 евра, и на самиот врв е 1.4-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со 140 коњски сили кој чини од 16.990 евра.

Доколку сакате турбодизел, во понудата е добро-познатиот 1.6-литарски CRDi со 136 коњски сили (кој ние го возевме во Sportagе) и кој чини од 19.990 евра. Во зависност од моторот ќе можете да одберете меѓу мануелен менувач со 6 брзини, или 6-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.