General Tire пневматиците стануваат партнер на NASCAR Whelen Euro – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

General Tire пневматиците стануваат партнер на NASCAR Whelen Euro

Од следната година General Tire ќе ги снабдува сите пневматици во NASCAR Whelen Euro серијата – а тркачките пневматици ќе треба да ги задоволат високите побарувања на тимовите.

General Tire со задоволство објави дека од следната година ќе биде Официјален Партнер на NASCAR Whelen Euro серијалот. Како официјален партнер, General Tire ќе обезбеди пневматици за сува и мокра површина за предните и задните тркала на тркачките автомобили.

„NASCAR Euro Whelen и General Tire се идеални партнери, и тоа не само поради богатото американско наследство“ – изјави Guy Frobisher, проект менаџер во General Tire, и додаде – „Ова е одлична можност да го покажеме нашиот бренд во вистинско светло и во возбудлива моторспорт околина. Нашите инженери во САД развија тркачки пневматици кои ќе ги задоволат високите очекувања на тимовите.“

NASCAR Euro Whelen серијалот организира трки во седум различни европски земи, а тимовите користат тркачки автомобили направени според NASCAR серијалот во Америка. Овие тркачки автомобили имаат по 400 коњски сили. Следната сезона започнува на 13ти Април следната година, а ќе се одржат вкупно 26 трки на седум различни настани. NASCAR Whelen Euro серијалот ќе посети тркачки патеки во Франција, Италија, Германија…

Застапник за пневматиците на General Tire во Македонија се нашите пријатели од Мотоцентар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.