full screen background image
Search

KIA подготви екстремен DUB Edition Stinger за SEMA

Со огромни 22-инчни тркала и екстремен екстра-широк бодикит, KIA Stinger DUB Edition насекаде би го привлекол вниманието.

Приказната за овој модификуван Stinget GT започнува со екстра-широк бодикит кој крие 22-инчни тркала. Дополнително, Stinger GT DUB Edition добива и воздушна суспензија, карбонски детали, но и целиот е обвиен во винил кој дава ефект на брусен алуминиум.

Стајлингот продолжува и во кабината, која добива комбинација од црвена и црна кожа, монструозен аудио систем и уште многу, многу други ситни измени и додатоци. Сето ова му дава на спортскиот Stinger дополнителна доза на агресивност и го прави интересен за оние кои сакаат да ги модифицираат своите возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.