full screen background image
Search

ПАРИЗ 2018: Audi SQ2 е бејби-SUV со 300 коњски сили!

Audi го претстави SQ2 – а под поклопецот се крие истиот 2-литарски турбо-бензинец од Audi S3 кој испорачува 300 коњски сили и 300 Nm вртежен момент!

Рецептот е едноставен – земете го популарниот кросовер, под поклопецот забијте го 2-литарскиот TSI кој испорачува 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, и добивате спортски SUV кој забрзува „до стотка“ за 4.8 секунди и постигнува максимални 250 километри на час.

Секако, силата се пренесува кон сите четири тркала преку quattro погон и автоматски менувач, а дел од пакетот се и преработена суспензија и управување кои ветуваат повеќе забава зад воланот.  Audi Drive Select системот овозможува пет режими на работа – Auto, Comfort, Dynamic, Efficiency и Individual. Сите овие режими прават не-баш-незначителни измени во однос на управувањето, одзивот на педалата за гас и менувачот.

SQ2 ќе го препознаете преку поагресивните браници кои имаат поголеми отвори за воздух, но и четирите завршетоци на издувниот систем на задниот дел. Бодикотот вклучува и уникатни странични прагови, quattro детали на вратите и заден спојлер, а ќе можете да изберете и меѓу 10 различни дизајни на алуминиумски тркала со димензии од 18 до 19 инчи.

Audi SQ2 е веќе достапен за нарачка, а првите испораки ќе бидат на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.