Јапонскиот бренд го повлекува Pulsar од европскиот пазар и ќе се концентрира на Qashqai и останатите SUV и кросовер модели.
Зголемената популарност на SUV и кросовер моделите зема уште две жртви – Nissan го повлекува Pulsar од Европа, но и седан-изведбата на Almera од Русија.
Производството на Pulsar наменет за европскиот пазар е прекинато уште во Јуни, а производството на Almera во Русија ќе биде прекинато до крајот на оваа година. Според Nissan, одлуката е донесена како одговор на „рапидно растечкиот интерес кај европските купувачи за кросовери“. Тие кажуваат дека приказната е слична и во Русија, а единствен компактен автомовил кој ќе продолжи да се продава во Европа е електричниот Nissan Leaf. Секако, тука е и Nissan Micra, но таа припаѓа во субкомпакт сегментот.
Nissan Pulsar беше лансиран во 2014-тата година, и неговата задача беше да се бори со докажаните конкуренти како што се Volkswagen Golf и Ford Focus. Планот на Nissan беше дека Pulsar ќе се продава во околу 64.000 примероци годишно, но минатата година беа продадени само 25.221 примерок од јапонскиот хечбек. Pulsar се произведуваше во фабриката на Nissan во Барселона, Шпанија.