full screen background image
Search

Toyota Corolla Touring Sports ќе дебитира во Париз

Toyota ги објави првите фотографии од караванската изведба на новата Corolla Hybrid.

Како што веќе пишувавме, името Auris заминува во пензија, а на негово место повторно се враќа Corolla Hybrid во неколку различни изведби. Toyota денес ги објави првите фотографии од караванската изведба на Corolla Hybrid која официјално ќе биде претставена за околу еден месец на Саемот на Автомобили во Париз. Интересно е што ова е автомобил развиен и дизајниран во Европа – односно во новиот Zaventem Design Centre на Toyota во Белгија.

Караванската изведба ќе има продолжено меѓуоскино растојание од 2700 милиметри и според Toyota ќе има „најдарежлив простор на задната клупа во класата.“ Багажникот ќе нуди капацитет од 598 литри и ќе биде меѓу најголемите во класата.

Задолжени за задвижување на Corolla Touring Sports ќе бидат 1.2-литарски турбо-бензинец со 116 коњски сили или два хибридни погони – еден со 1.8-литарски бензинец со вкупна моќност 122 коњски сили, или 2-литарски бензинец со вкупна моќност од 180 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.