full screen background image
Search

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio е SUV на Годината според германскиот Auto Zeitung

Германскиот магазин Auto Zeitung го прогласи првиот SUV на Alfa Romeo за SUV на Годината!

Наградата за SUV на Годината Auto Zeitung ја доделува за прв пат оваа година, и во конкуренција се најдоа модели од 11 различни брендови. Меѓу нив беа Lamborghini Urus, Bentley Bentayga V8, Porsche Cayenne Turbo, Maserati Levante S Q4 и уште неколку други модели. Според Auto Zeitung, Stelvio Quadrifoglio успеа благодарение на динамичноста и управувањeто.

Најважниот додаток тука е додатокот Quadrifoglio –  односно детелинката со четири листа. Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio е SUV со високи перформанси кој според италијанскиот бренд не припаѓа во ниту една конвенционална категорија. Благодарение на 2.9-литарскиот би-турбо V6 има на располагање 510 коњски сили, забрзува „до стотка“ за 3.8 секунди и може да постигне максимални 283 километри на час. Колку за потсетување, Stelvio ја дели платформата со одличниот седан Giulia. Ние минатата година имавме можност да ги возиме како Giulia, така и Stelvio.

Луѓето од Alfa Romeo се горди на врвните технологии кои се вградуваат во Stelvio – од Q4 системот за погон на сите четири тркала, преку Alfa Active Torque Vectoring, па сè до Alfa Active Suspension и Chassis Domain Control системот.

Честитаме за титулата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.