full screen background image
Search

Електричниот Mercedes-Benz EQC ги завршува финалните тестирања

Само неколку седмици пред официјалната премиера, Mercedes-Benz објави видео на кое можеме да видиме како електричниот SUV со ознаката EQC ги завршува финалните тестирања во најсувиот регион во Европа.

Тимот инжинери на Mercedes-Benz ги прави финалните тестирања на електричниот EQC – и тоа во пустината Табернас во Андалузија, Шпанија. Оваа локација не е избрана туку-така – ова е најсувиот регион во европа и температурите се константно високи.

Според она што го кажуваат од Mercedes-Benz, EQC веќе има поминато милиони километри во тестирање во изминатите три години и повеќе од 40 инженери работеле на тоа првиот електричен SUV на германскиот бренд да биде доверлив во сите услови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.