full screen background image
Search

Leon Cupra ST Carbon Edition – Супер брз семеен караван!

Специјалната серија која ја носи ознаката Carbon Edition ќе биде произведена во ограничен број примероци  – па побрзајте ако сакате еден од овие супер-брзи Leon Cupra ST каравани!

Пакетот не содржи механички измени – но да бидеме искрени, со 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 300 коњски сили, погон на сите четири тркала и мануелен или DSG автоматски менувач, па и нема некоја потреба за механички измени.

Она што ќе го добиете се карбонски странични прагови, преден лип и заден дифузер, а ќе добиете и големи Brembo сопирачки, 19-инчни тркала и Cupra спортски седишта. Ќе биде достапна само една боја – Monsoon Grey. Дали е ова доволно? Во нашите очи да, брзиот караван изгледа одлично!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.