Тјунираниот Peugeot 308 GTi располага со дури 310 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Тјунираниот Peugeot 308 GTi располага со дури 310 коњски сили!

Не дека на стандардниот 308 GTi му недостасува сила – но тјунерите од Clemens Motorpsport подготвија неколку пакети кои ја креваат моќноста на францускиот хот хеч до 310 коњски сили!

Тјунерите од Clemens Motorsport се експерти за тјунирање на моделите на Peugeot, па тие подготвија три различни тјунинг пакети за одличниот 308 GTi. Првиот пакет ја подигнува моќноста од 272 на 290 коњски сили, вториот на 303 коњски сили и третиот пакет на 310 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Сето ова се добива со помош на интеркулер, специјален „систем за дишење“ со спортски филтер за воздух и софтвер кој ги користи правилно сите овие промени. Врвната изведба добива и 70-милиметарски издув од нерѓосувачки челик.

Сите овие модификации резултираат со „стотка“ за 4.6 секунди и необјавена максимална брзина. Сликата за тјунираниот 308 GTi е комплетирана со големи, 19-инчни тркала обвиени во 235/35 пневматици, а за оние најхрабрите има и 20-инчни тркала.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.