Lamborghini со новиот, сè уште непретставен Aventador SVJ постави нов рекорд од 6:44.97 на Nurburgring!
Зад управувачот е Marco Mapelli, а времето кое тој го постигна со Aventador SVJ е 2.3 секунди побрзо од она кое го постави Porsche 911 GT2 RS. Времето на 911 GT2 RS беше 6.47.3, а времето на Aventador SVJ е 6.44.97.
Сега за сега не знаеме ништо конкретно околу Aventador SVJ, но знаеме дека ќе има однос на тежина и моќност од 1.98 килограми на една коњска сила. Според некои неофицијални податоци атмосферскиот 6.5-литарски V12 е навиен да испорачува 770 коњски сили, а автомобилот би требало да тежи околу 1520 килограми. Сепак, останува да почекаме до официјалната презентација, а во меѓувреме да уживаме во видеото од рекордерското возење.