full screen background image
Search

Alessandro Dambrosio е новиот главен дизајнер во Mitsubishi

Јапонскиот бренд е во фаза на целосна реорганизација и трансформација откако Renault Nissan Алијансата „ги презема уздите“ – а дел од таа приказна е и нов главен дизајнер кој има навистина многу искуство.

Искусниот италијански дизајнер Alessandro Dambrosio станува дел од Mitsubishi. Неговото портфолио вклучува дизајни за Fiat, Lancia, Alfa Romeo и различни модели за Volkswagen групацијата.

Некои од неговите модели се концептниот Concept Lancia Granturismo, Alfa Romeo Kamal концептот, а има свој придонес во Alfa Romeo 159, Giulietta и Mito, но и Maserati MC Concept и GranCabrio. Во времето поминато во Volkswagen има свој удел во Polo и Passat, но и новата Bentley Bentayga, како и Audi A4, A5 и TT Sportback концептот. Интересно е што под негово влијание е направен и спектакуларниот Lamborghini Egoista Concept, направен специјално за 50-тиот роденден на Lamborghini.

Со назначувањето на Alessandro Dambrosio како одговорен за дизајн во Mitsubishi е дел од стратегијата за целосна реорганизација на дизајнерските погони на Renault-Nissan-Mitsubishi. Ова започна минатата година со назначувањето на Karim Habib за одговорен за дизајн во Infiniti и Alfonso Albaisa на чело на дизајнот на Nissan.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.