full screen background image
Search

Skoda го претстави врвниот Kodiaq Laurin & Klement!

Со цел да го направи големиот Kodiaq попривлечен за купувачите кои ги преферираат пофините нешта во животот, Skoda ја претстави најлуксузната верзија на големиот SUV – Laurin & Klement.

Именувана по основачите на компанијата – Vaclav Laurin и Vaclav Klement, токму оваа изведба ќе биде знаменосец на големиот Kodiaq. Kodiaq Lauring & Klement ќе може да се добие со 2-литарски турбо-бензинец со 190 коњски сили и DSG менувач, 2-литарски турбодизел со 150 коњски сили со 150 коњски сили и мануелен менувач или истиот турбодизел со автоматски менувач, или пак 2-литарски турбодизел со 190 коњски сили и автоматски менувач. Сите верзии се со погон на сите четири тркала.

Kodiaq L&K ќе го препознаете по хромираната решетка на ладилникот, големите 19-инчни Sirius тркала во антрацитна боја, специјални браници и заштитни панели во боја на каросеријата, а кабината меѓу другото добива панорамски кров, кожни седишта и соодветни L&K ознаки. Дел од опремата е Columbus мултимедијалниот уред со Canton аудио уред, сите можни помагала кои Skoda ги нуди, и уште многу, многу други ситници.

Првите испораки се очекуваат да започнат веќе уште оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.