full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz го претстави европскиот A-Class Sedan

По претставувањето на верзијата наменета за кинескиот пазар, Mercedes-Benz ја претстави седанската изведба на A-Class која ќе се продава во Европа и САД.

Интересно е што A-Class Sedan не е замена за CLA, туку ќе се продава покрај купе-седан верзијата на A-Class, а од Mercedes-Benz се фалат дека новиот седан е рекордер во аеродинамичност и има коефициент на отпор на воздухот од само Cd 0.22. Верзијата која ќе се продава во Европа и САД има меѓуоскино растојание од 2729 милиметри, а автомоилот е пократок за 60 милиметри од оној кој ќе се произведува и продава во Кина.

Исто како хечбекот, и седанот го добива MBUX инфозабавниот систем, но и целата гама на системи за асистенција и безбедност. Меѓу другото, добива и темпомат кој користи GPS за попрецизна работа, но и автономно сопирање, систем за асистенција при менување на коловозната лента, итн, итн. Навистина не е штедено на технологиите кои се вградуваат во A-Class  – од Mercedes-Benz кажуваат дека во А-Class се нудат технологии кои се нудат во знаменосецот S-Class.

На самиот старт новиот седан ќе се нуди само со две погонски единици – бензинскиот А200 кој испорачува 163 коњски сили и 250 Nm вртежен момент, како и дизелскиот A180d кој нуди 116 коњски сили и 260 Nm вртежен момент. Обата мотори ќе се нудат исклучиво со 7G-DCT автоматски менувач со двојна спојка. Автомобилите наменети за европскиот пазар ќе се произведуваат покрај хечбекот во фабриката на Mercedes-Benz во Rastatt, Германија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.