full screen background image
Search

Toyota забрзано ја најавува новата Supra – ќе биде лесна, брза и динамична!

Главниот инженер на Toyota најави дека новата Supra ќе тежи околу 1500 килограми – и според најавите би требало да располага со некаде меѓу 450 и 500 коњски сили!

Во интервју за Autocar, главниот инженер на Toyota – господинот Tetsuya Tada – изјави дека автомобилот ќе биде околу „200-300 килограми полесен од F-модел“. GS F и RC F моделите тежат околу 1800 килограми, па можеме да очекуваме новата Supra да тежи некаде околу 1500 килограми – бројка која е блиску до онаа од 1496 килограми која ја објави Best Car магазинот од Јапонија.

Дополнително, Tada објави дека Supra ќе биде слично моќна како F-моделите на Lexus – а GS F и RC F користат 5-литарски V8 кој испорачува 470 коњски сили и 390 Nm вртежен момент. Доколку Supra располага со толку моќност, можеме да очекуваме навистина импресивни перформанси. Сепак, од Autocar сугерираат дека Tada зборува за вртежниот момент, а не за коњските сили – веќе се појавија гласини дека Supra ќе користи 3-литарски турбо шест-цилиндерски мотор кој би испорачувал некаде околу 335-350 коњски сили.

Официјалното деби на новата Supra ќе се случи или кон крајот на оваа, или на почетокот на следната година. Новата Supra ќе се произведува во погоните на Magna Steyr во Австрија, покрај „роднината“ – BMW Z4.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.