full screen background image
Search

Hyundai ќе соработува со компанија од Израел за развој на системи за поврзување

Бидејќи технологиите кои овозможуваат комуникација меѓу возилата и околината околу нив стануваат сé поинтересни, автомобилските производители започнуваат сериозно да инвестираат во нив.

Корејскиот бренд Hyundai најави дека е договрена соработка со израелската компанија Autotalks со цел да се забрза развојот и пуштањето во употреба на Vehicle-to-Everything (V2X) технологии. Овие технологии овозможуваат комуникација како меѓу различни возила, така и меѓу возилата и инфраструктурата околу нив – семафори, згради, домови, итн.

Според Hyundai, ваквите технологии ќе бидат од огромно значење за иднината на автономните возила. Ваквите технологии нудат и дополнителен слој на безбедност бидејќи за разлика од традиционалните сензори кои можат да бидат „изиграни“ од околината, V2X технологиите можат да го информираат возачот за случувањата, без разлика на околностите – на пример, кога на патот по кој се движи имало незгода.

„V2X технологиите се додаток на постоечките сензори, и им овозможуваат да направат поинформирани одлуки и да ја олеснат интеракцијата со останатите корисници на патиштата.“

Ваквите технологии се навистина интересни – и дефинитивно имаат потенцијал значително да ја подобрат безбедноста на патиштата. На пример – ако со вакви технологии се опремени автомобилите и велосипедите, сигурни сме дека несаканите контакти меѓу возачите и велосипедистите ќе бидат значително намалени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.