full screen background image
Search

Porsche купи 10% од хрватскиот производител на електрични супер-автомобили Rimac Automobili

Германскиот производител на спортски автомобили објави дека купи учество од 10% во хрватската компанија Rimac Automobili која ги прави најбрзите електрични автомобили на планетата!

„Rimac импресивно ги демонстрираше своите спобности во полето на електромобилноста“ – изјави заменик-претседателот на Porsche, Lutz Meschke и додаде – „и веруваме дека идеите и пристапот на Rimac се екстремно ветувачки, и затоа се надеваме дека ќе влеземе во блиска соработка со компанијата, во форма на партнерство за развој.“

Според Porsche, главниот фокус на Rimac Automobili е да испорача технологија за батерии, електрични погони и развој на интерфејс меѓу човекот и машините. Сето ова ќе му помогне на Porsche – следната година треба на пазарот да се појави првиот електричен спортски автомобил на германскиот бренд. Автомобилот ќе биде базиран на Mission E концептот, а ќе го носи името Taycan. Според некои најави, Porsche сака да електрифицира половина од своите автомобили до 2025.

„Ова е важен чекор за Rimac и нашата желба да станеме важен добавувач на компоненти и системи во индустријата на електрични автомобили, конективност и возбудливото поле на напредни системи за асистенција“ – изјави Мате Римац, претседателот на Rimac Automobili. Неговата компанија е базирана во Загреб и има повеќе 400 вработени. Нивните Concept One и C Two автомобили поставуваат рекорди каде и да се појават, па сосем е разбирлива одлуката на Porsche да соработува со ваква иновативна компанија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.