Први фотографии: Новиот Suzuki Jimny е коцкаст, неодоливо-ретро и супер-кул! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии: Новиот Suzuki Jimny е коцкаст, неодоливо-ретро и супер-кул!

Suzuki објави фотографии од новиот Jimny – и едноставно, не можеме да не го гледаме новиот јапонски микро-теренец со насмевка на лицето.

На фотографиите гледаме неколку различни верзии на Jimny – некои се двобојни, некои еднобојни, но сите се толку ретро-кул.

Според најавеното, Jimny ќе се нуди со два мотори – еден минијатурен бензинец со капацитет од 660 кубни сантиметри, како и поголем 1.5-литарски бензинец. Се очекува дека само поголемиот мотор ќе се нуди на европскиот пазар. Купувачите ќе можат да изберат меѓу 5-брзински мануелен и 4-брзински (4-брзински? Да не сме се вратиле во 90-тите?) автоматски менувач. Секако, бидејќи се работи за Jimny – силата ќе може да се пренесува кон сите четири тркала.

Интересно е што Suzuki целосно го модернизира Jimny, па ќе може да се добие темпомат, клима уред, стартување на копче, мултифункциски управувач, клима уред, автономно сопирање и многу други ситници. Кабината ќе добие и тренди мултимедијален уред кој би требало да ги нуди сите придобивки на модерната технологија.

Сите податоци ќе ги имаме на 5ти Јули, за кога е закажана целосната премиера на новиот Jimny.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.