Olympia Motors Outlet го прослави првиот роденден – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Olympia Motors Outlet го прослави првиот роденден

Нашите пријатели од Olympia Motors Outlet во опуштена атмосфера, со скара и пиво, го прославија првиот роденден!

Вработените од ОМО имаат и со што да се пофалат – во првите 12 месеци од работењето продадоа повеќе од 150 возила од различни брендови, а во моментов располагаат со над 60 возила кои им се веднаш достапни на купувачите. Возилата се нудат со гаранција од 6 до 12 месеци, а со секое купено возило се нуди и услуга за помош на пат во траење од 12 месеци. Интересен новитет е и услугата “Земи, Вози, Врати”, која нуди можност на клиентот во рок од 30 дена да го врати возилото со рефундирање на износот за истото

Од Olympia Motors Outlet велат дека и најдолгата приказна започнува со еден збор – ОМО – кои станале синоним на нивната посветеност на патот кон реализација на визија која трпеливо ја градат на три темели:

  • Одлучност во постапките
  • Мотивација за извонредност во работењето
  • Отчетност кон нашите клиенти.

“Целта на нашето работење е да бидеме број 1 во регионот за продажба на користени возила преку начелата за кои се залагаме. Одлучивме да постапуваме етички, отворено и со подадена рака кон нашите клиенти. Се мотивираме да бидеме уникатни, посебни и препознатливи и со нашите активности создаваме вредности и градиме доверба со нашите клиенти. Ја избравме отчетноста за принцип на фер однесување кон нашите.”– кажуваат од Оlympia Motors Outlet.

Olympia Motors Outlet нуди користени возила од патничка и товарна програма, финансиска поддршка во купување на избраното возило преку кредит или лизинг, замена на старо за Outlet возило, посредување во продажба, долгорочно изнајмување како и нарачка на возило според желбите и/или потребите на клиентот.

Согласно роденденскиот повод, во периодот од 31ви мај до 02ри Јуни, Olympia Motors Outlet организира отворени врати во ОМО со специјални дополнителни роденденски попусти, гратис регистрација, подарок сет гуми. Сите оние кои сакаат да им го честитаат роденденот се добредојдени да ги посетат и се приклучат на честитките со донирање на облека, која понатака ќе биде проследена до оние на кои им е најпотреба.

Извор: PR OMO



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.