Новиот Nissan Leaf доаѓа со 5 ѕвездички на EuroNCAP и систем за препознавање велосипедисти! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Nissan Leaf доаѓа со 5 ѕвездички на EuroNCAP и систем за препознавање велосипедисти!

Електричниот Nissan Leaf има нов систем кој покрај автономното сопирање успева да препознае пешаци и велосипедисти.

Новиот систем кој се користи во Nissan Leaf се вика Automated Emergency Braking Vulnerable Road Users – односно AEB VRU. Препознавањето велосипедисти е нов предизвик за производителите – како од хардверски, така и од софтверски аспект. Сензорите кои се користат треба да следат широк агол, но и да препознаат велосипедисти кои се движат брзо, а комплексните алгоритми треба да овозможат правилно препознавање на потенцијални закани од судар и да избегнат лажно активирање.

Според Robert Verweij од EuroNCAP кој воедно е и советник во Данското Министерство за Транспорт, токму „желбата да се спасат животите на велосипедистите ја инспирираше данската влада да спонзорира проект кој водеше кон развој токму на ваков систем.“ Дополнително, тој изрази дека се горди дека EuroNCAP го додава овој протокол во тестирањето и шемата која се користи за оценување на возилата. Токму првото тестирање на автомобил со AEB VRU демонстрира што можат да постигнат владите и велосипедистите кога соработуват со EuroNCAP.

Погледнете го видеото од тестирањето на новиот Nissan Leaf – на самиот крај ќе можете да ги видите „во акција“ системите за препознавање возачи и велосипедисти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.