full screen background image
Search

Opel Grandland X го добива новиот 1.5-литарски турбо-дизел од PSA

Компактниот SUV на Opel, ќе почне да се нуди со новиот 1.5-литарски турбо-дизел од PSA групацијата и ќе го замени стариот 1.6-литарски мотор со 120 кс.

1.5-литарската четири-цилиндарска погонска единица испорачува 130 кс и 300 Nm вртежен момент преку шест-степен мануелен менувач или осум-степена автоматска трансмисија. Нејзината потрошувачка во просек се движи околу 4.2 литри на 100 километри, додека емисијата на CO2 издувни гасови изнесува 110 грама на километар, што е всушност 4% помалку од претходниот мотор.

Новиот агрегат е опремен со стоп/старт технологија и ги задоволува Euro 6d-TEMP емисионите стандарди. Ова значи дека за него нема да важат потенцијалните забрани за дизел возила во урбаните средини.

Покрај вклучувањето на 1.5-литарскиот агрегат во гамата, Opel најави дека во 2020 ќе пристигне и PHEV верзија од Grandland X. Возилото ќе биде нивниот прв plug-in хибрид и најверојатно ќе ја користи истата погонска единица како претстојниот 3008 GT, кој ќе дебитира наредната година.

Со додавањето на овој мотор во понудата на Grandland X, Opel ја продолжува интеграцијата во рамките на PSA групацијата. Од PSA веќе најавија дека сакаат во најкраток можен рок да престанат да ги користат сите тековни платформи и мотори кои се „наследени“ од GM.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.