full screen background image
Search

Toyota подготвува жешка верзија на новиот Auris

Хот-хеч изведбата од новиот Auris ќе ја носи ознаката GR, а не е исклучена ниту супер-жешка верзија која би ја носела ознаката GRMN!

Интересните новости за хот-хеч изведбата на Auris доаѓаат од Австралија, каде директорот за продажба и маркетинг за Toyota – Sean Hanley – не само што зборуваше позитивно на оваа тема, туку изјави дека би сакал да го види Auris GR на пазарот „колку што е можно побрзо.“

Сето ова се поклопува со интересната насока во која се движи Toyota. Јапонскиот бренд сака малку да се оддалечи од репутацијата на производител кој прави неуништливи, но малку здодевни автомобили – и веќе прави чекори во таа насока. Toyota веќе потврди нова Supra (која треба наскоро да ја видиме), а интересен „експеримент“ e и Yaris GRMN кој нуди 212 коњски сили од компресорски 1.8-литарски бензинец.

Погонот од Yaris GRMN сега за сега не е трансплантиран во ниту еден друг модел на Toyota – а тоа неизбежно го поставува прашањето зошто? Реакциите кон Yaris GRMN се мошне позитивни, па охрабрени од нив луѓето од Toyota сигурно размислуваат и на други модели – а ние со нетрпение ги очекуваме.

Hanley сугерираше дека Auris GR би пристигнал на во Австралија за околу три години, но и дека други пазари би го добиле уште побрзо. Не е исклучена ниту full-fat GRMN изведба која би имала околу 300 коњски сили и би се борела со другите мега-хеч модели на пазарот.

Рендер: X-Tomi Design



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.